Македонија
13. јуни 2017 - 16:37

Комисија од министерството за здравство ќе ги истражува причините за смртта на девојчето до Гостивар

Комисија формирана од министерството за здравство ќе го испитува случајот со 15-годишното девојче од гостиварскиот регион кое пред два дена почина во возило на Брза помош. Здравствените власти велат дека ги преземаат сите законски мерки за да се дознае причината зошто тинејџерката не го преживеа транспортот од Гостивар до скопските клиники.

-Комисијата од стручен аспект го анализира целокупниот третман на пациентката, почнувајчи од приемот во гостиварската болница и транспортот со возилото на Итна медицинска помош за да се утврди во целост дали е постапено согласно медицината базирана на докази при третманот, стои во сооштението од МЗ

Лекари специјалисти и претставници од Државниот санитарен и здравствен инпекторат, по надзорот извештајот треба да го достават до ситер надлежни инситутции. Во меѓувреме се очекуваат и резултатите од обдукцијата на Судска медицина, кои треба да покажат дали труење со храна е причината за смртта.

Средношколката од гостиварското село Долна Гуновица се жалела на болки во стомакот и првата медицинска помош ја добила во амбуланта во Гостивар. Ден потоа состојбата и се влошила и завршила на инфективното одделение во општата болница. По силните грчеви срцето престанало да и работи, но лекарите од Ургентниот центар успеале да ја реанимираат. Починала во возилото на Брза помош на пат кон скопските клиники кога и откажале функциите на виталните органи.