Бизнис
23. April 2017 - 16:03

Комисиите за испитување на штети излегоа на терен - Владата ќе ги обештети земјоделците

Почна проценката на штетите што ги предизвика мразот врз овошните и лозови насади. По вчерашната одлука на Владата комисиите се на терен и вршат итни и првични проценки.

Државата нема да ги остави земјоделците на цедило, сите ќе бидат обештетени, потенцираше заменик министерот за змејоделство по извршениот увид во Тиквешкиот регион.

По проценката ќе се утврди методологијата по која ќе се врши обештетувањето. Не е прецизно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата.

Земјоделците се загрижени за своите насади. Велат дека мразот целосно ги уништил. Штетите се многу поголеми од оние што ги предизвикал зимскиот мраз.

Доцниот пролетен мраз нанесе сериозни штети и на јаболковите насади во Преспанскиот регион. Зафатени беа скоро сите места во земјава освен некои општини во јужниот дел.