Свет
27. July 2017 - 9:27

„Комерсант“: Можен руски одговор до САД - протерување дипломати

Москва ќе протера 35 американски дипломати и максимално ќе го ограничи персоналот во дипломатската мисија на САД ако претседателот на САД Доналд Трамп потпише пекет санкции против Русија, објави Комерсант повикувајќи се на извори во руското МНР.

Според нив, руските власти може да запленат комплекс викендички на американската Амбасада и нивни складишта. Сепак, наведува весникот, се разгледува и можност и за несиметричен одговор.

Имено, Москва може да одбие соработка со Вашингтон за важни прашања за САД како што е јакнење мерки за притисок врз Пјонгјанг.

Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои закон за санкции спрема Русија и Иран и Северна Кореја. Во случај Сенатот да потврди, а Трамп да потпише за нови санкции, тоа би биле најголеми од 2014 година кога поради случувањата на Крим беше усвоен пакет мерки против руски лица и компании.