Кошарка
20. јуни 2016 - 15:58

Комбинираниот тим на Македонија подготвен за вториот турнир во Кина

 
Нашиот комбиниран тим од денеска е во градот Жушоу, каде од утре ги започнува натпреварите на вториот турнир на турнејата во Кина.Противници на  црвено жолтите на турнирот во Жушоу ќе бидат домаќинот Кина, селекцијата на Литванија и колеџ тимот на САД.
 
На премиерата на турнирот во Жушоу играме против домаќинот Кина, а потоа следуваат и средбите против ривалите од турирот во Сузоу, селекциите на Литванија и САД. 
 
Освен повредата на Хауард, сите останати кошаркари се подготвени за настап на турнирот во Жушоу.