-->
-->
Командир на пожарната во Радовиш организирал комар во службените простории
-->
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Г.К. (47) од Радовиш, командир на вод во Територијална противпожарна единица Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. Во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
На 20.октомври годинава, при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на Територијалната противпожарна единица Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин.
За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето