Свет
29. March 2017 - 8:39

Командантот на силите на НАТО во Европа побара доставка на оружје за Украина

Главниот командант на силите на НАТО во Европа, генерал Куртис Скапароти изјави вчера дека ја поддржува идејата на САД за доставка оружје за Украина. 

Украина од поодамна бара доставување оружје за борбата против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. 

Владата на претходниот американски претседател Барак Обама одби да го стори тоа и во Украина испрати само американски војници кои ги обучуваат украинските колеги.

- Јас лично сметам дека треба да го разгледаме испраќањето на одбранбени оружја, рече Скапароти пред Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД.

- Украинците се борат против смртоносен и софистициран непријател, поддржан од Москва, рече Скапароти, кој исто така е и главен командант на американските сили во Европа.