Македонија
29. April 2017 - 16:53

Колони за излез од Македонија - за Први мај масовно во Грција

Продолжениот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата на граничните премини со Грција. За разлика од Велигденските празници кога  бројот на патници беше многу помал од очекуваното, претстојниот ден на трудот го зголеми бројот на туристи кои заминаа на продолжен викенд кај нашиот јужен сосед.

Најголема фреквенција вообичаено е забележана на најголемиот граничен премин со Грција Богородица и тоа во претпладневните часови. Но,  и покрај зголемениот број на патници не се регистрирани поголеми задржувања. За побрз проток на патниците на македонска страна денеска се користеа шест ленти за патнички возила и една за автобуси со минимално време на чекање од 5 до 10 минути. 

Најголемиот број од патниците кои денеска се упатија  кон Грција се македонски и српски државјани. Слична фреквенција е можна и утре во претпладневните часови.

За влез во Македонија денеска скоро и да нема патници, тука поголема раздвиженост се очекува во понеделник и тоа во вечерните часови кога најголемиот дел од туриститите ќе треба да се вратат назад.