Бизнис
27. March 2017 - 17:00

Колку пари трошат грците во македонските казина?

„Скопјаните ни извезуваат туристи, ние им извезуваме играчи за нивните слотови и маси за Блекџек“, пишува грчкиот портал Прототема во репортажата со наслов „Извоз на милиони евра во коцкање“. Во тексот се навеудва дека во казината во Гевгелија гостуваат познати имиња од грчката естрада кои се мамка за посетителите. Се нудат и бесплатна храна и пијалоци, со сето ова се цеди она што е останато од колабираната екоомија во северна Грција, најмногу од Солун.

Според поратлот во земјава годишно има околу 550 илјади посети од грчки граѓани кои трошат по 60 милиони евраво игри на среќа. За време на викендите, паркинзите пред големите казина кои се наоѓаат блису го граничниот премин Богородица, се полни со коли со грчки таблички.

Порталот пишува дека во казината работи евтина работа сила за плата од 250 до 300 евра кои зборуваат грчки. Не ретко вработнеи се Грци кои работат на црно и кои се невидливи на грчките даночни власти.

Порталот наведува дека претставници на грчката Комисија за контрола и супервизија на игри на среќа никогаш не ја посетила Гевгелија, и покрај постојаните информации дека таму се одлеваат многу пари на грчките граѓани, но и се враќаат големи добивки, кои не се оданочуваат. За оваа појава не бил заинтересиран ниту одделот за финансиски криминал, ниту грчката полиција.

Како втор „феномен“ за она што се случува на грчко-македонската граница, порталот го наведува и купувањето во фри-шопот на грчка територија, за кој коментира дека во сабота навечер е полн како супермаркет во викенд.

„Корпите се полни со неоданочени виски и цигари, а само неколку метри после границата, бензините се поевтини за околу 30 проценти“, се информира во текстот.

Претседателот на Трговската и индустриска комора на северна Грција Димитрис Бакацелос за „Прото тема“ изјавил дека Комората постојано ја истакнувала потребата од зајакнување на контролата на границата за да се спречи шверцот, но во исто време ги подвлекол и придобивките од туризмот во областа. Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, пак, одбил да даде изјава на оваа тема. 

Потсетувајќи дека Македонија и Грција имаат несогласувања околу национални прашања, „Прото Тема“ пишува дека со атмосферата што може да се забележи за време на викенди на грчко-македонската граница, се докажува дека никој не обрнува внимание на тоа.