Македонија
14. December 2017 - 16:27

Колку лекарите и медицинскиот персонал се заштени од заразни болести?

Без стандардни протоколи, со два пара на ракавици и специјални очила – Вака секојдневно хирурзите и медицинскиот персонал во операционите сали се заштитуваат од заразни болести кои се пренесуваат преку крв. Препуштени се сами на себе да се грижат за сопственоото здравје. За родилка со крварење која итно треба да биде породена и пациент со тешки скршеници кој мора веднаш да биде внесен во сала, лекарите немаат време да чекаат крвни анализи.

-Немаљ некоја посебна процерура, секако во сала влегуваат и пациенти кои се ризична група, но никој пациент кај нас не бил вратен и сите биле третирани, доц.др Виктор Камнар, ортопедски хирург

-Има ситуации кога мора итно да реагираме и треба да спасиме и мајка и бебе и тогаш освен основната заштита немаме друга. Дури потоа се прават серолошки анализи и ако е од групите со ризик се пристапува кон понатамошни иследувањ акако кај пациентот така и оперативниот тим, вели др. Адела Стефанија од Клиника за Гинекологија

 

На Гинекологија имаат лабортаторија за брза проверка на крвта, но таа не работи за време на викенди и празници. И на хируршките клиники за во иднина планираат целосна проверка на пациент пред да влезе во операциона сала.

  • За во иднина планираме таков стандарден протокол со кој за сите елективни случаи ќе има целосна проверка и за тие анализи, вели доц. Др. Виктор Камнар, ортопедски хирург

  • Во другите земји, трудници редовно одат на лекар, има следење на бременост, картон со сите прегледи и анализи на трудницата како и проверка на заразни болести, вели др. Адела Стефанија, гинеколог од Клиника за Гинекологија

Ракавиците и специјалните очила очигледно не се доволна заштита во перационите сали. Неофицијално, меѓу заразени со хепатит има и лекари и медицински сестри. Вакцината против хепатит Б е препорачана за здравствените работници, но мал број од нив ја примиле.