Живот
23. February 2016 - 9:20

Колегите сигурно се горди на него: Полицаец своеволно земал „дрога за силување“

Чудни видеа од Русија се изнагледавме во текот на минатата година, но ова е едно од најчудните.
 
Полицааец наводно своеволно земал ГХБ, позната како „дрога за силување“, а неговите колеги во станицата сето тоа го снимиле.
 
Многу брзо дознал каков е ефектот на дрогата на неговото тело. На видеото се гледа полицаец кој пробува да седина столица, а потоа и станува на нозе, но безуспешно. Во повеќе наврати падна, па се вртеше на подот.
 
Целата сцена ја снимиле неговите колеги, а во описот на видеото се наведува дека полицаецот „своеволно земал ГХБ“. Набрзо се појавиле и други колеги кои го испратиле од чекалницата.