Свет
26. April 2017 - 20:55

Колега на Меркел тврди дека западот стои зад државниот удар во Украина

Пратеникот Вили Вимер од редовите на германската Христијанско - Демократска Унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел, тврди во 2014 година во Украина се случил државен удар што е дело на западните сили.
 
Вимер во изјава за изданието на германски јазик  на рускиот интернет портал „Спутник“ вели  дека санкциите против Русија за интервенцијата во Украина не се фер.
- Што се случи во Украина во 2014 година, воениот удар беше поддржан од крупниот капитал, големите инвеститори го подготвија, а западот го организираше, изјавил Вимер по средбата со претседателот на "Република Крим“ Сергеј Аксионов чија влада  е призната само од Москва, пренесува дописникот на МИА од Берлин. 
 
Вимер кој е поранешен државен секретар во германското министерство за одбрана а 33 години е пратеник во Бундестагот изјавата ја дал за време на денешната посета  на Крим каде што отпатувал заедно со 
група пратеници и бизнисмени од Германија и Австрија. 
Ниту Вимер ниту неговите сопартијци од ЦДУ досега не ги демантираа изјавите објавени од руските медиуми за кои германските власти предходно предупредија дека би можеле да се вклучат во кампања за оцрнување на политичките партии и политичари во пресрет на изборите закажани за септември.