Македонија
11. August 2015 - 16:13

Кој стои зад нападите на сајтовите на државните институции!?

Иранска група хакери стои позади нападот на сајтовите на неколку македонски институции. Натписот кој утринава осамна на интернет страниците на Министерството за информатичко општество, Јавното обвинителство,  Марнет, и е-Трговија според МВР не е поврзан со радикални исламистички групи и не претставува порака поврзана со најавената одмазда за антитерористичката акција Ќелија.

-Засега нема информации дека зад оваа активност стојат радикални исламисти, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Веднаш по акцијата Ќелија извесен Сејфедин Ал Албани ги повика Албанците да се подготват за борба и да ги одмаздат уапсените во големата анти терористичка акција. Придружете се и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи- стои во дописот кој ги обиколи социјалните мрежи. Албанските медиуми јавија дека зад лажниот профил најверојатнос е крие албански државјанин кој е дел од Исламска држава и учесдтвувал во борбите во Сирија.

Повеќе безбедносни експерти предупредија дека се можни различни облици на закани за одмазда по акцијата на македонските полициски сили.

Нивото на тревога беше подигнато уште со акцијата за разбивање на една од најголемите терористички групи во регионот која беше спроведена во кумановско Диво насеље.