Живот
16. January 2018 - 21:21

Кој полни 23 години? Едната е мајка на 7 деца, а другата е нејзината ќерка, но која е која?

Овие две дами кои гордо позираат заедно се мајката Џесика (43) и ќерката Алиса (23), а дали може да погодите која е која?

Имено Џесика изгледа феноменално и има дури седум деца, иако никој не и верува.

Многумина мислат дека таа е сестра на Алиса, а не мајка.

Кога при една прилика споделила роденденска фотографија со својата најстара ќерка, луѓето биле збунети, зошто не им било јасно кој е кој на сликата.

Оваа жена од Јута често на Инстаграм објавува свои фотографии и снимки од теретана, но и фотографии со семејството. Тука исто така се сликите од периодот кога била бремена.

Џесика вели дека вежба три пати неделно, како и нејзиниот сопруг, додека децата им се на училиште.