Македонија
19. May 2017 - 16:08

Kој ќе добие министерска фотелја?

Мандатарот Зоран Заев со најтесното раководство на Бихаќка веќе го крои списокот на потенцијални министри во новиот владин кабинет.

Извори од Бихаќка брифираат дека веќе се извесни и гарантирани дел од најзначајните министерства во кои Заев ќе ги позиционира своите најблиски соработници.

 Речиси е сигурно дека во Министерството за внатрешни работи ќе седне генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој и во техничката влада беше прв човек на полицијата. Но дел од медиумите шпекулираат и со вклучувањето на Зоран Верушевски во извршната власт, најверојатно како прв човек на УБК. 

Доколку министерството за труд и социјална политика остане во рацете на СДСМ, најголеми шанси за министерската позиција и овде има поранешната техничка министерка Фрсина Ременски. Но нејзина силна конкуренција за овој сектор е претседателката на партиската комисија за труд и социјала  Мила Царовска.

ДВе имиња се во игра и за министерството за финансии. Драган Тевдовски и Кире Наумов ги имаат најсериозните шанси да бидат чувари на државната каса.

Радмила Шекеринска, Теута Арифи и Никола Димитров пак се очекува да бидат распшределени во три министерства- одбрана, евроинтеграции и надворешни работи. Кој на кое министерско столче ќе седне зависи од коалицискиот договор на Заев и Ахмети.  Димитров деновиве на социјалните мрежи сподели фотографии со европски челници и високи претставници на американската администрација меѓу кои и средбата со Хојт Ји.

Името на долгогодишниот партиски функционер Јован Деспотовски е во игра за две минситерски места- Транспорт и врски и информатичко општество и администрација. За секторот здравство пак прв избор на СДСМ бил неврохирургот Венко Филипче, но информациите говорат дека сериозен интерес за за овој сектор покажала партијата на Зијадин Села.

Од СДСМ засега нема потврда на информациите за кадровски решенија.  Заев има рок до 6ти јуни на собранието да му го рпедложи новиот владин кабинет и програмата за работа на владата.