Свет
3. December 2016 - 13:34

Кој е Владимир Путин? Документарецот „Президент“ го бара одговорот

Руската државна телевизија „Русија 1“ го емитувала документарниот филм „Президент“ за 15 годишнината од доаѓањето на Владимир Путин на власт. Во филмот е прикажано мега интервју на познатиот московски новинар Владимир Соловјов и сведочења на луѓе кои соработувале со Путин.

Филмот почнува со кадрите кои го прикажуваат поранешниот руски премиер, Сергеј Степашин, како и објавува на владата дека претседателот Борис Јелцин ја прифаќа неговата отставка и дека новиот шеф на Федералната служба за безбедност ќе биде Владимир Путин. Во првиот 9 од емитувањето на овој документарец го гледале дури 8 милиони луѓе.