Фудбал
2. October 2015 - 15:32

Кој е идејниот творец на шампионскиот тим на Звезда

Поранешниот генерален секретар на фудбалскиот клуб Црвена ѕвездам Владимир Цветковиќ во интервју nedeljnik.rs, говори за најславните денови, кога клубот ја покори Европа и светот. Исто така, тој ‘без влакна на јазикот’ открива за јавноста помалку познати детали од најславните денови на Црвена ѕвезда.
 
„Го сакавме во клубот Мијатовиќ, а веќе го имавме договорено Шукер“, го започнува разговорот Цветковиќ и открива кој е творецот на планот ‘црвено-белите’ да го нападнат европскиот врв.
 
„Имаше еден вљубеник во фудбалот и голем познавач на оваа игра, Вељко Арсиќ, професот на факултет, мислам дека тој е творецот на таа програма. Судбината си поигра со нас и ни овозможи тој план по две години да стане реалност. Планот беше супер, но планот е едно, а реалноста друго. Се случија неколку интересни работи кои ни го овозможија финалето во Бари. Прво Белодедиќ, многу важен играч, дојде сам. Просинечки беше избркан од Динамо. Панчев и Савичевиќ веќе имаа потпишано за Партизан. Миша Сљепчевиќ (директор на Стоковните куќи Белград) успеа да ги убеди да дојдат во Црвена ѕвезда. Дојде Љупко Петровиќ на тренерската позиција, тој го врати на „Маракана“ Југовиќ од Рад и инсистираше на доаѓањето на Михајловиќ. Ние во тоа време за Михајловиќ плативме еден милион марки“, продолжува Цветковиќ.
 
„Миша Сљепчевиќ ги набави парите, бидејќи Савичевиќ и Панчев ни беа потребни, а разбравме дека тие веќе потпишале за Партизан, дури и дека замале малку пари. Тогаш Миша замина. Панчев го убеди бидејќи тој немаше никого зад себе. Дојде од Вардар и самиот решаваше. Дејан (Савичевиќ) имаше проблем, мислам дека неговиот татко Владимир навиваше за Партизан. Сљепчевиќ договори со неговиот клуб Будуќност да го насочи Дејо кон Црвена ѕвезда. Мислам дека договори на стадионот на Будуќност да се постават рефлектори или нешто слично. Тоа Сљепчевиќ директно го заврши“, продолжи. Цветковиќ.
 
Интересно, Цветковиќ смета дека за тој шампионски тим не би бил таков доколку останел во него и Драган Стојковиќ-Пикси, вели: „тој беше абнормално голем играч и тоа немаше да биде добро“ и се надоврзува со мислење за Савичевиќ.
 
„Тој навистина е вистински гениј. Кога игра, тогаш е гениј, само што ретко играше. Она што тој го правеше во Минхен и во Манчестер, тоа не е видено. Како што денес тоа го прави Меси, само што Савичевиќ тоа го правеше многу поубаво. Еднаш кажав и стојам на тоа мислење дека требаше да го донесеме и Мијатовиќ. Но оние што се разбираат во фудбалот, бидејќи јас сакам да гледам фудбал, а не го разбирам, рекоа дека Савичевиќ и Мијатовиќ не можат да играат заедно. Во секој случај, мислам дека Пикси, кој секогаш беше газда на теренот, ќе ја задушеше нашата игра“, поранешниот челник на Црвена ѕвезда.
 
На новинарско прашање кој покрај Мијатовиќ бил во плановите на Ѕвезда, Цветковиќ одоговара.
 
„Не можам да се сетам за Јокановиќ, но знам дека за Шукер беше сé договорено. Него во Осјек го трениераше Љупко Петровиќ. Се сеќавам на еден детал кога игравме против Хрватска на „Маракана“ и кога снема струја.Тогаш Бокшиќ и мислам дека беше Билиќ, дојдоа во мојата канцеларија и Бокшиќ ми рече – да не се случеше сево ова што се случи сите ние ќе бевме во овој клуб“, вели во дел од своето интервју за „nedeljnik.rs“, поранешниот генерален секретар на Црвена ѕвезда, Владимир Цветковиќ.