Балкан
23. May 2017 - 11:34

Кои се критериумите на Вучиќ за избор на нов премиер?

Претседателските избори завршија и српското општество и медиумите сега имаат нова забава – шпекулциите околу тоа кој ќе биде новиот премиер на местото на досегашниот Александар Вучиќ. Сите погледи се вперени кон самиот Вучиќ, кој по традиција и еве веќе петта година кога станува збор за државни позиции, самиот решава кој ќе биде неговиот наследник.

Се појавуваат некои информации за консултации во партијата, но е јасно дека изборот е во рацете само на еден човек. Српските медиуми посочуваат дека изборот засега е ограничен на четири имиња – министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, министерот за државна администрација и локална самоуправа Ана Барнабиќ, поранешниот министер за правосудство Никола Селаковиќ, и Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад. Ако оваа кандидатска листа е точна, и доколку произлегува од веродостојни извори, сметам дека најголема шанса да биде нов премиер има Ана Барнабиќ, оценува за Дојче веле Ѓокица Јовановиќ, социолог и универзитетски професор.

- Некако ми изгледа дека во таа конкуренција таа е најголемиот експерт во својата работа. Проблемот е што во нејзиното однесување не гледам никаква желба да се заштитува експертската автономија. Се разбира, треба да кажам и дека секое предвидување кој ќе биде премиер е неточно, затоа што во играта најверојатно има и разни политички и други зделки, вели Јовановиќ.

Тој смета дека Вучиќ веќе го избрал својот заменик, но досега, како по обичај, ја држи јавноста во неизвесност. Луѓето кои ги држат сите конци во свои раце се во некаква организација и тие пројавуваат авторитарни црти, предвремено знаат на кого можат да сметаат и кого на кое место да преместат. Во таква структура, сите места се поделени. Тука нема демократски преговарања, се е една мала претстава. Затоа што дел од авторитарниот механизам е да се држи јавноста во неизвесност и прашањето е што ќе направи главниот? Сето тоа го засилува авторитетот меѓу граѓаните – ќе биде тоа кое јас го сакам, као јас ќе решам. Тоа е пораката која се испраќа, оценува Јовановиќ.

Единствениот критериум – лојалност

Веднаш по изброите, аналитичарите истакнаа дека Вучиќ бара личност без премногу интегритет и автономија, кој би бил само марионета на идниот српски претседател. И во таа смисла се вели дека Вучиќ бара свој Мирко Цветкович, кој беше премиер во времето на претседателствувањето на Борис Тадиќ, и остана познат само по одобрувањата на одлуките на Тадиќ.

Новинарот Слободан Ступар смета дека за Вучиќ најважниот критериум е апсолутната лојалност и верност до крајни граници, и дка освен тоа нема друг критериум. „Вучиќ ќе стане претседател и целата власт ќе премине во неговиот кабинет. Самиот премиер ќе биде обична фигура, можеби дури многу приземнета отколку што беше Марко Цветковиќ. Идниот премиер нема да има ниту милиметар автономија и негова задача ќе биде само да го реализира тоа кое Вучиќ ќе го бара од него“, вели Ступар.

Застанувајќи на изборот од четворицата кандидати, Ступар вели дека мотивот за избор на Ана Барнабиќ е многу интересен. „Сметам дека мотивацијата на Вучиќ ќе биде следната – сега светот ќе ме фали дека избрав претставник од ЛГБТ заедницата, затоа што десега нема такво нешто во Европа. Тоа би значело дузина убави поздрави, простор во медиумите, луѓето би кажувале: Ете, гледате ја Србија, таму може да се случи такво нешто“.

Интересно е што на списокот на потенцијани кандидати повторно се појавува името на Ивица Дачиќ, лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС). Би кажале дека СПС води тивка битка против Српската прогресивна странка, се разменуваат обвиненија и критики, и изнендување е што Дачиќ се појавува како човек во кого Вучиќ има доверба. Има и такви кои сметаат дека Дачиќ сепак е важна политичка фигура и тешко дека ќе исполнува критериумите за момче за се на Вучиќ.

Ѓокица Јовановиќ истакнува дека Дачиќ, како и досега, е совршен за марионате на Вучиќ. Неговите досегашни излети се повеќе од внатрешнопартиски интерес или заради претставување пред јавноста дека има малку интегритет. Но ако ја погледнеме неговата пракса, тоа е пракса на еден послушен човек, независно од чија екипа дејствува.
-Кај него досега не забележувам некаков изразен иднивидуализам или висок степен на автономија, вели Јовановиќ.

Слободан Ступар исто посочува дека Дачиќ и неговата партија станаа толку безначајни што лидерот на СПС би се согласил на секаква можна ролја само и само да не се раздели од власта. Затоа што ако падне од власта, лесно може да стигне и во судот заради афери од пред неколку години и заради судски барања кои стојат заклучени во фиоки. А сопственикот на сите клучеви во таа држава е Александар Вучиќ.

Во владејачката коалиција тврдат дека не знаат кој ќе биде премиер, но со сигурност знаат дека тој немало да биде никаква марионета. Слободан Ступар истакнува дека оние кои го кажуваат тоа и самите не си веруваат. „Затоа сметам дека единствениот критериум за новиот премиер е да биде апсолутно предаден и непретприемчив. Вичиќ како ќе го нзначи, така може и лесно веднаш да го смени. Сето тоа се претвора во фарса. На телевизиите ќе го гледаме премиерот зад Вучиќ, тој ќе биде тука за да слушне што има да каже Вучиќ и потоа да го реализира тоа и да го прераскаже со свои зборови. А тоа е доста тажна ситуација за Србија и нејзините граѓани“, заклучи Ступар.