Балкан
20. September 2017 - 11:23

„Коха диторе“: Харадинај му го препушти на Тачи дијалогот со Србија

 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај нема да биде главен актер во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина што се води со посредство со Брисел туку тоа ќе биде претседателот Хашим Тачи, објави Коха диторе.

– Претседателот на Владата ја прифати одлучноста на претседателот Хашим Тачи сам да биде задолжен за тој процес, наведува весникот.

Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина почна во 2011 година кога Тачи беше шеф на косовската валда.