Свет
2. November 2015 - 12:29

Когалимавија: Отфрламе тахничка причина како можна причина за уривањето на Ербасот

Компанијата сопственик на авионот што се урна над Синајскиот полуостров, соопшти дека не е можно леталото да имало каков било технички проблем заради кој би се случила катастрофата. 

– Причината за уривањето на авионот не е техничка неисправност или човечка грешка туку надворешно влијание, соопштија од компанијата Когалимавија. 

Западни медиуми јавуваат дека екипажот на авионот не пријавил до контролата за летање никакви проблем, но и дека се пронајдени двете црни кутии. 

Ербасот на руската компанија „Когалимавија“, кој сообраќаше од Шарл ел Шеих за Санкт Петербург се урна завчера околу половина час по полетувањето, на стотина метри јужно од административниот центар на провинцијата Северен Синај, градот Ел Ариш, во близина на населеното место Ел Хасна. Загинаа 224 патници во авионот.