Фудбал
21. February 2017 - 9:27

Кога си гладен, нормално ќе јадеш!

Резервниот голман на Сатон, Вејн Шоу пред завршувањето на синоќешниот дуел со Арсенал во ФА купот, извади сендвич и почна да јаде. Овој потег на 45-годишниот чувар на мрежата на англискиот нисколигаш беше забележан од фоторепортерите и стана вистински хит во светските медиуми.
 
Сатон го загуби мечот со 2:0, а менаџерот Пол Досвел повеќе беше шокиран од гестот на голманот отколку што беше загрижен за резултатот.
 
 
- Не мислам дека не претстави во најдобро светло, беше коментарот на Досвел.