Македонија
22. March 2018 - 20:11

Коѕијас пристигна во Скопје - ќе се бара решение за разликите околу името

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.