Македонија
12. July 2017 - 16:25

Коѕијас: Меѓународната заедница го разгали Скопје

Грчкото МНР реагира на изјавата на германскиот државен секретар за европски прашања Михаел Рот дадена вчера во Скопје со која тој оцени дека спорот за името е комплетно лудило.

Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михајл Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери, реагираше Атина.

Рот од Скопје порача дека историјата треба да остане историја а двете земјид а се фокусираат на иднината потенцирајќи дека за идните чекори ќе ја имаат поддршкјата од официјален Берлин. Според Рот, Скопје во моментов испраќа позитивни сигнали поради кои ја заслужува поддршката од Германија но и од Европската Унија.

Спорот за името вчера ги загреа страстите во грчкиот парламент откако опозициски пратеник побара Ципрас да пшојасни кои се официјалните позиции на Атина за потенцијалното решение на ова прашање- дали позицијата на официјално МНР кое објавува дека настојува за утврдување сложено име со географска одредница пред зборот Макеоднија или позицијата на министерот за одбрана Каменос кој смета дека во решението воопшто не може да се содржи името Македонија.

Шефот на грчката дипломатија најави дека во понеделник ќе се сретне со медијаторот во спорот Метју Нимиц кој минатата недела го посети Скопје. Во вечерното интервју за грчката телевизија Антенба одби да ги каже официјалните позиции пред разговорт со медијаторот од кого очекува да каже коис е неговите идни предлози и планови. Коѕијас повторно ја обвини Макеоднија за иредентизам но и за неподготвеност и разгаленост.

- Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција „ Бев, како што знаете, 2 пати во Скопје, разговаравме за прашањето, беа неподготвени. Дојдоа во Грција, пак неподготвени. Разгалени се од меѓународниот фактор. Овде си имаме работа со иредентизам, кој не треба да го оставиме да се прошири на Балканот, но и генерално, не треба да го дозволиме национализмот во регионот“, рече Коѕијас.

Интересно е што утре во Солун ќе се одржи трилатерален состанок Србија- Бугарија- Грција на кој ќе учествуваат српскиот претседател Вучиќ, бугарскиот премиер Борисов и грчкиот премиер Ципрас. Најавено е дека на средбата ќе се разговара за односите во регионот. Иако прашањето за интеграцијата на Македонија и решавањето на спорот за името е едно од најгорливите во регионот состанокот се одржува без присуство на претставници на макеоднската влада.