Македонија
17. July 2017 - 17:24

Коѕијас: Европа треба да ги едуцира во Скопје што е политички компромис

Покоректна реторика, но иста суштина- шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за Еурасктив изрази сомнеж кон тоа дали новата влада на Заев е поподготвена за изнаоѓање решение на спорот.

„Актуелната влада ја промени реториката и на комуникациско ниво може да се каже дека е покоректна. Во суштина, како и да е , не можам да забележам разлика. Сепак сум во исчекување. Ќе го посетам Скопје кон крајот на август и се надевам дека за прашањето на името ќе можам да разговарам со министерот за надворешни работи бидејќи оваа тема не ја отворивме минатиот пат. Разговаравме по генерално, на пример за спроведувањето на мерките за градење доверба кои успешно се спроведуваат една ипол година“ вели Коѕијас во интервју дадено пред средбата со медијаторот Нимиц.

Коѕијас слично како и во своето псоледно иунтервју за грчка Антена и овој пат ја обвини меѓународната заедница за разгалување на властите во Скопје. Отвопрено порачува дека мешањето на трети страни може само да го отежне процесот на изнаоѓање решение.

„Проблемот со Скопје не е дека таму има едно или друго мислење. Проблемот е нештпо што и самата Европа треба да го разбере. Европа мора да ги едуцира, во добра смила, лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус. Кога јас станав министер за надворешни работи им посочив на сите страни дека начинот на кој „го размазуваат Скопје“ не само што ќе резултира со лош однос кон нас туку тој концепт ќе го приесликаат и на домашната политичка сцена. Видовме до каде Груевски го донесе тоа.

На моите европски пријатели им велам- немој да креирате втор Груевски бидејќи Заев ги има сите предуслови да разбере и да биде отворен за вистинско решение. Ние ќе работиме на такво решение и се надеваме дека ќе наидеме на одговор избегнувајќи мешање од трети страни кои само можат да го отежнат изнеоѓањето решение“, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломартија повторно го пласира и ставот дека Грција нема одговорност за политичката дестабилизација на Македонија поради блокадата на нејзината интеграција. Коѕијас смета дека тензиите во земјата се последица на неспроведувањето на договорите помеѓу албанската и македонската заедница во Македонија. Потенцира дека Атина не се мешала во политичката криза и се спротивставила на можни санкцики за земјата од Европската Унија.