Македонија
19. March 2018 - 17:16

Коѕијас доаѓа в четврток со документ на 20 страници и над 55 точки - премиерот Заев оптимист за решение на спорот

Премиерот Заев е оптимист дека ќе најде решение за спорот со името ако при тоа се води сметка за достоинтвото и за идентитетот. Тој со надеж гледа на посетата на Коѕиас на Скопје наредниве денови, како и на прегворите со Нимиц, кои би можеле да донесат исчекор кон решавање на проблемот. На премиерот му е важно како решението  ке биде прифатено во грчката јавност и низ грчките институции, но истата загрижнеост ја  очекува и  од  власта во Атина во однос на македонските грагани.

Грчкиот шеф на дипломатијата   во четврток   ќе го донесе нацрт договорот кој е подготвен од нивното  МНР, а детално е  разгледан од премиерот Ципрас и Коѕијас, пренесуваат грчките медиуми. Документот содржи околу 55 параграфи,  на 20 страници. Хелласјоурнал цитира американски  извори  дека во пакетот има пет предложени имиња  мегу кои  Нова Македонија и Горна Македонија напишани на словенски јазик .

То Вима пошува дека  грчката влада  ја преферира одредницата горна и  дека мегународниот договор  ќе стигне во грчкиот парламент по Велигден, можеби на почетокот од мај. Изворите на весникот  врдат дека во грчкиот пакет промената на уставот ке биде  услов за решение.

Според То Вима  расправиите за прифаќање на албанскиот јазик како втор службеник исто така, влијаат на преговорите за името, бидејќи Албанците одеднаш покренуваат генерално прашање, истакнувајќи дека не се чувствуваат ‘Македонци.

Во медиумите се шшекулира дека на   27-ми март ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, засега нема официјална потврда ниту од Скопје ниту од Атина.