Коѕиас на 30 и 31 август во официјална посета на Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 30 и 31 август ќе престојува во официјална посета на Македонија, јави независната балканска новинска агенција - ИБНА, иако до сега нема официјална потврда од грчкото МНР.
Според информациите на ИБНА, грчкиот министер за надворешни работи на 30 август со автомобил ќе отпатува од Солун за Скопје, каде на 31 август ќе одржи повеќе средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерите на политичките партии.
Посетата на Коѕиас на Скопје е возвратна, по престојот на неговиот македонски колега во Атина во јуни.
Според ИБНА, Коѕиас во Скопје ќе разговара за билатералните односи меѓу двете земји, како и за зајакнувањето на довербата, „затоа што ПЈРМ продолжи со провокации од своја страна“.
Агенцијата, чие седиште е во Атина, потоа потсетува на реакциите на грчкото МНР дека Македонија го прекршила Привремениот договор од 1995 година, прво со ракометарките на македонската репрезентација под 17 години кои имале „Македонија“ на нивните дресови на натпреварот закажан против нивните грчки колешки во Скопје, а потоа и со прославата на 2 Август во Торонто, каде што македонскиот конзул Палашевски зборувал пред карта на „Голема Македонија“.
- Во услови на тешка клима во односите на двете земји, грчката страна, според валидни информации, ќе покаже конструктивен став преку зајакнување на Меморандумот за разбирање, со цел поголем придонес за добрососедските односи на двете земји. Меморандумот за разбирање беше иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за време на неговата прва посета на Скопје во летото 2015 година, пишува ИБНА.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, за време на посетата на Коѕиас на Скопје во јуни 2015 година, тој и неговиот домаќин, тогашниот македонски министер за надворешни работи Никола Попоски, договорија 11 конкретни мерки за градење доверба меѓу двете земји, во повеќе области.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра