Балкан
9. November 2016 - 13:08

Коѕиас му честиташе на Трамп

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска му честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

- Грчката Влада има системски односи со двете партии, Демократската и Републиканската. Имавме разговори со тимот на Трамп за прашања од регионот, во септември минатата година на маргините на Генералното собрание на ОН. Грчката Влада и секоја грчка влада отсекогаш имала добри односи со САД и американскиот народ. Ние продолжуваме да имаме добри политички односи, изјави Коѕиас.

Тој додаде дека во Грција сега се чека американскиот претседател Барак Обама, кој, како што рече е „многу популарен“ во земјата.

- Средбата на претседателот Обама со премиерот Алексис Ципрас и грчката Влада ќе биде плодна, позитивна и продуктивна, истакна Коѕиас, кој во моментов е во официјална посета на Бејрут.

Американскиот претседател Обама ќе престојува во посета на Грција на 14 и 15 ноември.