Македонија
29. December 2015 - 8:43

Кочан-ладно во Македонија: Берово најстуден град

Македонија мрзне! Берово утринава е најстуден град со измерени -6 степени. По него следуваат Битола, Дебар и Штип со -5, Струмица и Демир Капија со -4, Тетово и Скопје со -3, Прилеп, Маврово и Кавадарци -2, Крива Паланка и Куманово со -1 и Охрид, Виница, Претор и Лазаропеле со нула степени.

Три степени над нулата утринава се измерени во Тополчани, 4 во Пожар, Гевгелија и Пожаране, 5 во Крушево и Ѓуриште и 7 во Дојран. 

Густа магла утринава има во Демир Капија, во делови од Скопската котлина, Куманово и во Дебар. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец. Попладне се очекува да дува умерен до засилен ветер од северен правец и да овозможи расеејување на маглата. Дневната температура ќе се движи од 7 до 17 степени.

Во Скопје слично време со температура до 10 степени.

Од утре ќе настапи значителна промена на времето, проследена со умерен североисточен ветер и нагло заладување, а во вечерните часови во североисточните делови на земјава ќе има има локален слаб дожд, преку ноќта ќе поминува во снег. Потоа ќе преовладува суво и релативно студено време.