Кошарка
5. February 2016 - 9:14

Коби ги предводеше Лејкерси до победа против Њу Орлеанс

 
 Во кошаркарската НБА лига ноќеска беа одиграни само четири натпревари. 
 
Уште една фантастична партија на Коби Брајант со која екипата на ЛА Лејкерс забележа нова победа.
 
Коби со „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 12 скокови ги предводеше „Езереџиите’’ до триумфот на гостувањето кај Њу Орлеанс со 99-96. Инаку за ЛА Лејкерси ова беше само 11-та победа сезонава. 
 
Победи на гостински терен забележаа и Торонто во дуелот со Портланд со 110-103, како и Хјустон кој со 111-105 го победи томот на Феникс. Куриозитетно, со ист резултат 111-105 заврши и средбата во Детроит каде „Пистонси“ ја спасија честа на домашните тимови со победата над Њу Јорк.
 
Табела – Источна конференција: Кливленд 35-13 (победи-порази), Торонто 34-16, Атланта 29-22, Бостон 29-22, Чикаго 27-21, Мајами 28-22, Индијана 26-23, Детроит 27-24... 
 
Табела – Западна конференција: Голден Стејт 45-4 (победи-порази), Сан Антонио 41-8, Оклахома Сити 38-13, Л.A. Клиперс 32-17, Мемфис 29-20, Далас 28-24, Хјустон 27-25, Јута 23-25...