Македонија
18. October 2017 - 16:21

Коалициски математики во албанскиот блок за вториот круг локални

Остануваат уште 12 општини, во кои за превласт ќе се борат кандидати за градоначалници кои доаѓаат од албанските партии, покажуваат резултатите од првиот изборен круг.

Во десет од нив, во водство се кандидатите предложени или поддржани од ДУИ, во Струга предност има кандидатот на АА, а во Студеничани сериозна шанса има кандидатот на ДПА. 

Со цел оставрување на подобри резултати во вториот изборен круг, АА и БЕСА започнале преговори за заеднички настап. Оваа коалиција треба и официјално да биде потврдена во следните неколку дена. 

Од ДУИ велат дека тие се апсолутни победници на овие избори кај албанското гласачко тело, и очекуваат тие резултати да бидат потврдени на 29 октомври.

Во однос на можната коалиција меѓу БЕСА и Алијансата за Албанците, аналитичарите велат дека тоа е обид за одржување на овие две партии на политичката сцена, но не се сигурни дали тоа ќе доведе и до промени во владината коалиција. 

Според резултатите, главната битка меѓу партиите од албанскиот политички блок ќе се водат во градовите Струга, Тетово, Гостивар и Дебар, а по се изгледа најнеизвесно ќе биде во Чаир.