Македонија
12. November 2016 - 14:48

Коалицијата „За подобра Македонија“ на конвенција ќе ги објави кандидатите за пратници

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладнево (15:00) на конвенција во Метрополис арена на Скопски саем ќе ги објави листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Како што најави партиската прес-служба, на конвенцијата обраќања ќе имаат носителите на изборните единици и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа до ДИК ги поднесе кандидатските листи за пратеници. За носител на листа во Првата изборна единица е предложен Никола Поповски, во Втората Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.