Македонија
13. November 2016 - 8:28

Коалицијата ВМРО за Македонија ги промовираше кандидатите за пратеници

Коалицијата ВМРО за Македонија на ВМРО - Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство вечерва на конвенција во Македонската опера и балет ги претстави кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори.

Носител на првата изборна единица ќе биде Ден Дончев, двојката ќе ја предводи Љупчо Балковски, а во третата Изборна единица носител ќе биде лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Четворката ќе ја предводи лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, петката лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски, шестата Зоран Велковски, а седмата Стојадин Наумовски.

- Да ги заштитиме интересите на автентичното членство на ВМРО кое сме го граделе со демократија, чесност и патриотизам, да ја вратиме правдата за сите граѓани, да ги ослободиме судовите и институциите, да го вратиме владеењето на правото, рече Дончев во обраќањето на конвенцијата.