Фудбал
9. October 2015 - 8:20

Клоп и официјално во Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди дека Јирген Клоп е именуван за нов менаџер на тимот. Германецот официјалната промоција ќе ја има во петок.
 
Клоп на клупата го наследи  Бренадн Роџерс кој поради лошиот старт во сезоната доби отказ.
 
Германецот со клубот од „Енфилд“ потпиша три ипол годишен договор. Ливерпул во моментов се наоѓа на десеттата позиција во Премиерлигата со 12 освоени бодови.