Балкан
17. January 2018 - 13:55

Кљоси: Албанци не го убија Ивановиќ, истрагата треба да се води во две насоки

Поранешниот албански прв разузнувач Фатос Кљоси, коментирајќи го убиството на српскиот лидер во Косово, Оливер Ивановиќ, изјави дека атентатот е извршен со цел да се создадат тензии на Балканот и оти истрагата треба да се води во две насоки.

– Оние кои го извршиле атентатот тоа го сториле со цел да предизвикаат последици. Тоа е сериозен настан и српската делегација се повлече од дијалогот, што е прва цел. Мотивот е да се влоши ситуацијата. Можно е да е внатрешен српски фактор, таму има елементи и сили кои сакаат да ја влошат ситуацијата, но и странски фактори кои не сакаат стабилност на Валканот. Странците велат дека има руска закана на Балканот, посочува Кљоси.