Кошарка
16. November 2017 - 13:25

Кливленд врза три победи

 Вицешампионот во НБА лигата, екипата на Кливленд го победи Шарлот со 115:107 и влезе во серија од три победи.
 
Леброн Џејмс со 31 поен, осум асистенции и шест скока беше предводник на Кавалирс до осмата победа оваа сезона.
 
Кливленд сега е на позитивен биланс (8-7), додека Шарлот по осмиот пораз остана на пет победи