Кошарка
26. May 2017 - 8:20

Кливленд се избори за реприза на НБА финалето од последните две сезони

Трета сезона по ред во финалето на НБА лигата ќе играат екипите на Кливленд и на Голден Стејт. Двата тима имаат по една освоена титула и на доминантен начин стигнаа и оваа сезона до финалето. Кливленд имаше серија од 12-1 во плеј офот, а Голден Стејт 12-0.
 
На последниот натпревар од финалето на Исток Кливленд како гостин го совлада Бостон со 135:102 (4-1 во победи), а триумфот го навести уште во првиот период кога постигна 43 поени. Актуелниот првак Кливленд водеше во текот на целиот натпревар.
Леброн Џејмс постигна 35 поени, а Кајри Ирвинг 24 кај победничката екипа, додека за Бостон најпрецизен беше Ејвери Бредли со 23 поени.
 
Двата тима го играат своето четврто големо финале. Кливленд има биланс (1-2) шампионска титула само во 2016, додека Голден Стејт има скор (2-1), со титули во 1975 и 2015.
Финалната серија почнува на 1.јуни во четврток, а домаќин на првите два дуела е Голден Стејт. (Финалето се игра во серија 2-2-1-1-1).