Loading Video...
Кошарка
8. March 2018 - 12:53

Кливленд го доби дербито против Денвер

Дерби дуелот од синоќешната програма во НБА лигата го доби вицепрвакот Кливленд кој со 113-108 го совлада Денвер. 
 
Повторно предводник на Кавси беше Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со 39 поени, односно три повеќе од првиот стрелец на Денвер, Никола Јокиќ кој 25 од вкупно 36-те поени ги постигна во второто полувреме.
 
Хјустон ја продолжи победничката серија, која сега изнесува 17 триумфи во низа, откако на гостински терен го совлада Милвоки со 110-99.
 
Најнеизвесно беше во Детроит каде екипата на Торонто дури по продолжение ги совладаа „Пистонски“ со 119-121. Дерозан со 42 поени го предводеше канадскиот тим  шестата победа во низа, со која Торонто стана првата екипа која се пласира во плеј-офот.