Свет
20. May 2016 - 10:38

Клинтон: Трамп не е подготвен да биде претседател

Претендентот за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон изјави дека Доналд Трамп нема квалитети да биде американски претседател, пишува весникот „Гардијан“.

- Само оваа недела тој успеа да ја отфрли Велика Британија, еден од најблиските сојизници на САД и го пофали севернокорејскиот диктатор, изјави Клинтон, означувајќи ги и двете изјави како „колосални грешки“. 

Таа го спомена и неговиот предлог да им забрани на муслиманите да влегуваат во САД. 

Според Клинтон, изјавите на веројатниот кандидат на Републиканската партија за претседател докажуваат дека тој ги нема квалитетите, кои се потребни за врховен командант на вооружените сили, кој ќе се бори против напади како што се терористичките, како оној, кој вчера доведе до пад на авионот „Иџипт ер“, додава весникот „Њујорк тајмс“.

Освен тоа таа се обрати и до нејзиниот опонент Барни Сандерс, кој се бори против неа за номинацијата на демократската кандидатура на изборите, изјавувајќи дека предноста што ја има во однос на него е ненадминлива. 

„Њујорк тајмс“ додава дека поддржувачите на Сандерс сепак се се понегативно настроени кон кандидатурата на Клинтон.

Истражувањето на „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен покажува дека осум од секои десет избирачи на републиканците сепак сакаат партиското раководство да застане зад Трамп, дури и ако имаат несогласувања со него по одредени политички прашања. 

- Со нападите врз Демократската партијам Барни Сандерс игра опасна игра, Но доколку продолжи тој ќе постигне само едно, Доланд Трамп ќе биде избран за претседател. Однесувањето на поддржувачите на Сандерс е сосема бесмислено и може да му помогне на Трамп да победи, пишува весникот „Вашингтон пост“