Балкан
27. April 2016 - 11:45

Клиент на свeкрвата Зорица ја убил Јелена?! Полицијата најде доказ кој ќе го реши убиството на пејачката

Зорица Марјановиќ, свекрвата на убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ, вчера речиси два часа минала на распит во белградска полициска станица, каде што на инспекторите им одговарала на прашања во врска со својата необична професија. Имено, Зорица се занимава со надрилекарство и биоенергија, па инспекторите се интересирале колку клиенти имала досега, од што ги лекувала и дали некој ѝ се заканувал неа и на нејзиното семејство поради тоа што бил незадоволен од третманот.

- Таа доби покана за распит на која уредено одговори. Беше мирна и не предизвика никакви проблеми. Тврди дека никого не измамила бидејќи луѓето ги лекува соодветно со утврдените цени, а некои и бесплатно. Поставени беа и прашања во врска со смртта на Јелена, нејзиниот однос со сопругот, на кои и немаше што многу да каже - објаснил извор на истрагата за српските медиуми.

Полицијата испитува дали е можно некој од незадоволните клиенти на Зорица да го извршил убиството.

- Тоа би можело да ја поткрепи приказната дека големиот број удари во главата на пејачката, убиецот ги направил воден од страст. Со други зборови, тој се чувствувал изневерен. Истрагата се движи во повеќе правци. Сепак, акцентот и понатаму е на семејството Марјановиќ. Тие се оние што биле со Јелена до моментот на нејзино исчезнување. Уште се испитува нивната чудна одлука целиот дом да го измијат со белило во моментот кога Јелена исчезнала. Сепак, и натаму нема осомничени - објаснува изворот.