Македонија
19. October 2016 - 16:33

Клековски: Павлопулос ја презема улогата на националист, за да може грчката Влада да глуми конструктивност

Грчкиот претседател го превзеде национализмот во свои раце, за да и дозволи на владата да презентира конструктивност. Пораката на Павлопулос од Воден, дека Македонија била, е и ќе биде грчка според аналитичарот Сашо Клековски јасно ја отсликува реалната поделеност на улогите помеѓу државниот врв во Атина. Не случајно е одбран Воден и прославата на заедничкото ослободување од турската окупација. Ваквите пораки вели Клековски не се во согласнот ниту со мерките за градење доверба и вракање во минатото.

Изјавата пак на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека Атина и натаму ќе го користи ветото како инструмент за одбрана на грчките интереси, според Клековски е уште еден јасен сигнал од Грција дека моќта е во нивни раце.

Во следниот период Клековски не очекува никакви продвижувања во однос на преговорите помеѓу двете земји. Пред се поради изборите во Македонија. Додека и во Скопје и во Атина нема стабилна власт, не може да има ниту напредок во процесот.