Ракомет
3. November 2016 - 8:57

К.Лазаров: Со мудра игра до позитивен резултат во Чешка

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска. Вчера совладана беше Украина со 27:21, а по дуелот селекторот Лино Червар и капитенот Кирил Лазаров со сличен став се одговорија на прес конференцијата:
- Полесно е кога ќе почнеме со победа. Квалификациите се секогаш нешто посебно, задоволен сум од резултатот.Важни се само победата и двата бодови. Тргнавме добро, но, потоа одбраната од 6-0 не играше добро. На крајот бевме најдобри, а охрабрува што и новите играчи се зрели. Против Чешка ќе биде друга приказна. Треба да отспиеме и да се подготвиме, благодарност и до публиката која не поддржа и кога не ни одеше, изјави Червар.
 Капитенот Кирил Лазаров, истакна:
- Благодарност до публиката. Салата беше скоро полна во работен ден. Украина беше потценета, но јас сметам дека тоа е тим кој може да направи изненадување. Не триумфиравме лесно, но два бода се два бода. Знаеме што не чека во Чешка. Таму треба да играме мудро за да дојдеме до позитивен резултат.   
Нашата репрезентација денеска ќе тренира во Скопје, а утре заминува за Чешка, каде во Плзен ќе има еден тренинг во попладневните часови.