Фудбал
21. September 2017 - 12:22

Ќотек за тренерот на Динамо Загреб

Двајца маскирани напаѓачи го нападнале тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Загреб Марио Цвитановиќ, соопштија од клубот и полицијата.
 
Како што пренесе агенцијата Хина, маскираните напаѓачи го нападнале со палки Цвитановиќ пред неговиот стан.
 
Тренерот на Динамо по нападот повикал полиција и побарал лекарска помош.
 
Од полицијата информираа дека трагаат по напаѓачите.