Балкан
6. November 2016 - 9:52

Ќерката на Јелена сфати се: Немам повеќе ни мајка ни баба!

Зоран Марјановиќ, сопругот на монструозно убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марановиќ (33) вчера во претпладневните часови, на Задишница беше на гробот на сопругата, а потоа заедно со татко му отишол на насипот за да запали свеќа и да остави цвеќе.

Од ужасното убиство на пејачката, чие тело е пронајдено на 3 парил во каналот полн со вода, во населбата Црвенка кај Борча, помина нешто повеќе од 7 месеци, а убиецот и натаму е на слобода.

Сопругот на пејачката вчера изјави за српски Курир дека не губи надеж дека монстумот ќе биде пронајден.

-Без Јеца е се уште тешко и ќе ми биде додека сум жив. Седум месеци живееме во пекол. Не се сомневам дека полицијата ќе го пронајде монстумот кој ни ја грабна на ваков начин. Сигурен сум дека даваат се од себе, рече Марјановиќ.

Тој додава дека сега најважна му е иднината на ќерката Јана, на која максимално и се посветил.

-Правам се што би правела и Јелена. Во последно време ми се чини дека значително напредуваше како и дека повеќе не се повлекува во себе како претходно, вели Зоран.

На прашањето дали прашува за покојната баба, мајката на Јелена Зорица Крсмановиќ, која често ја чуваше тој одговара:

-Зока пред смртта и рече дека ќе оди на бања и Јана некое време прашуваше. Во еден момент и навестив дека постои можност бабата Зорица да не се врати повеќе зошто е многу болна, а таа ми рече на тоа: „Сега веќе немам ни мајка ни баба“. Тука заврши приказната, вели Зоран.

Тој изјави дека Јана се уште не знае како ја загубила мајката, но и дека тој полека се подготвува за разговор на таа тема.

-Се плашам дека некој од нејзините другари може да и раскаже детали и дека детето ќе изгуби доверба во мене. И така е веќе осудена на тоа што покрај загубата на мајката да живее и со најцрните обвинувања на сметка на нејзиниот татко и најблиското семејство, тврди тој.

Položili cveće... Zoran i Vladimir Marjanović

Марјановиќ потоа се осврна и на се полошата здравствена состојба на својот татко.

-Преживеа веќе еден инфаркт, а кога му умре сваќата, замалку ќе добиеше уште еден удар. Се опоравува тешко, не може да оди, вели Зоран.