Џет-Сет
22. November 2017 - 11:34

Ќерката на Цеца во потрага по идеалното момче: Еве кои услови треба да ги исполни за да го освои нејзиното срце

Анастасија Ражнатовиќ веќе година ипол дена не сака да зборува за својата емотивна состојба, па за тоа само се нагаѓа во јавноста. Сега изненади многумина кога им соопшти на мажите што би требало да поседуваат, доколку сакаат таа да „падне“ на нив.

Наследничката на Цеца Ражнатовиќ јавно зборуваше само за врската со Костадин Терзиќ, а од раскинувањето со него поминаа 15 месеци, па многумина ги интригира нејзиниот емотивен статус, кој вешто го крие.

Сега на својот Инстаграм профил постави зборивои со кои наведе што најмногу ја привлекува кај мажите.

„Близнаците најмногу паѓаат на интелегентни, интересни и лица кои се полни со изненадување...Вистина!", пишува на една од објавите на атрактивната Анастасија.