Живот
22. April 2017 - 14:26

Ќе ви се стегне срцето кога ќе видите како куче се обидува да го оживее својот пријател

Сигурно многу пати сте биле сведок на лојалноста на кучињата кон своите газди, но оваа приказна е нешто поинакво.

На една улица во Кина, куче било прегазено со автомобил и кога никој не проѓал да помогне, другото куче со сета сила се обидувало да го оживее својот пријател.

Го туркало, скокало по него, а на крајот поради немоќ да помогне, почнало да завива.

Сигурни сме дека следново видео нема да ве остави рамнодушни: