Ракомет
22. January 2018 - 17:11

Ќе се врати ли капитенот Лазаров во игра по вчерашната повреда?

Ден без натпревар за македонските ракометари по вчерашниот пораз од Шпанија, прв на европското првенство во Хрватска. Во нашиот камп во Вараждин се анализираат грешките од вчерашниот меч и се крои стратегијата за утрешниот. Македонија својата шанса ја гледа токму против Чешка утре, a многу работи ќе зависат од тоа каква е состојбата на капитенот Лазаров кој вчера заработи повреда. Токму тоа го прашувам колегата Марјан Ников кој се наоѓа со нашите ракометари во Вараждин.

 ЕХВ утрово објави дека Кире нема да игра до крајот на првенството но дел од нашите спортски медиуми пишуваат дека сепак постојат шанси да го видиме капитенот утре на подлогата во Вараждин Арена и дека повредата не е толку тешка како што се стравуваше. Какви информации имаш ти, каква е неговата состојба?

Тешко го примивме вчерашниот пораз од Шпанија. Какви се сега шансите за Македонија и остварлив ли е сонот за полуфинале?