Џет-Сет
25. May 2016 - 10:53

Ќе се служат и прасиња на гала прославата на ќерката на Цеца

Фолк ѕвездата за гала прославата на полнолетството на ќерката се одлучи за шведска маса на која ќе се најде печење, но и морски плодови, готвени јадења, колачи...

Се е подготвено за вечерашната гала прослава на полнолетството на Анастасија Ражнатовиќ. Нејзината мајка Цеца, водела сметка за секој детал, а посебно за миното.

Како што дознава српски Курир, пред Кристалната сала во хотелот „Хајат“ каде ќе се одржи роденденската забава, ќе биде поставена шведска маса.

Журка на годината

Ќе се служат коктели од ракови и шкампи, разни салати, пити, скара, риба, зеленчук на жар, телешко и прасечко печење, како и слатки специјалитети.

Фолк ѕвездата околу полноќ ќе држи говор, како што беше случај и со веселбата на синот Вељко, а ќе биде прикажан и краток филм за растењето на Анастасија.

-Подготовките за гала велсебата се при крај, а полнолетството на Анастасија, според многумина ќе биде журка на годината. Цеца и нејзината наследничка, ништо не оставија на случајот, а акцент ставија на менито, уредувањето на селата, и секако музиката, вели извор за весникот.

Доаѓаат Мира и Слоба

Изворот додава дека во хотелот на големо се подготвува храната.
 
-На шведската маса ќе има се и сешто - од морски плодови, до готвени јадења и  телешко, јагнешко и прасечко месо, на што инсистирала пејачката. Тортата на славеничката ќе има неколку ката и ќе биде убаво декорирана, вели тој.
 
На журката од Житораѓа ќе дојдат и родителите на Цеца, Мира и Слоба, како и бројни политичари и колеги од естрадата, како и пријатели на Вељко и Анастасија.
 
Наместо подароци, дајте ги парите за болните деца
 
Фејсбук групата „Kupovina poklona za Anastasijin rođendan“ ја лајкуваат дури 185.000 луѓе. Цеца вели дека на нејзината наследничка не и се потребни подароци, но имаше предлог за луѓето од таа група.

-Па кој уште се занимава со луѓето што немаат што друго да прават освен да си куцаат на своите лаптопови. Ја никогаш не сум се занимавала ни со коментари, ниту на тој начин со социјалните мрежи. Многу деца слават родендени, многу деца имаа луксузни прослави, па никому ништо. Кога има некоја хуманитарна акција, не може да се соберат ни 5.000 луѓе. Овде имаме 185.000 луѓе. Ете, некоја шега без врска. Еве имам јас предлог сите 185.000 луѓе да дадат по евро па да ги уплатиме на некое болно дете. Јас ќе се приклучам на групата и ќе дадам многу повеќе, па да направиме некое добро дело, рече Цеца за „Ексклузив“.

Ја копира мајка си која исто имала гала прослава

Анастасија има пунџа токму како и Цеца кога го прослави 18. роденден.

Анастасија ангажираше стилисти и фризери, кои ќе и помогнат за блесне вечерва. Славеничката се одлучи за пунџа, која подоцна ќе ја извади и ќе ја пушти косата. Интересно е што и нејзината мајка за својот 18 роденден, пред 26 години, имала гала прослава, но и едноставна пунџа.

На прославата на Цеца тогаш биле Зорица Брунцлик, Биљана Јевтиќ, Шабан Шаулиќ, Шеки Турковиќ, Вера Матовиќ, Мирко Кодиќ, Бранка Соврлиќ...

Пејачката тогаш имала торта со ружи, слична како онаа што вечерва ќе ја има нејзината ќерка.