Свет
4. August 2017 - 16:35

Ќе се прошири истрагата за руското мешање во изборите во САД

 Специјалниот обвинител во истрагата за наводното руско мешеање во ланските претседателски избори во САД, Роберт Малер формирал „голема порота“, што сигурно ќе значи порширување на неговата истрага во врска со овој случај, оценува њујоршкиот венсик „Волстит Џурнал“.  

Во американската правосудна пракса „големите пороти“ се формираат со цел да се испитаат докази, да се сослушаат сведоци и да се издадат обврзувачки налози во врска со сомнежите за извршени одредени кривични дела.

Од таму ваквата одлука на Малер, според весникот, претставува сериозен чекор во истргата за руското мешање.  

Поротата почнала со работа неодамна и нејзината истрага најверојатно ќе трае со месеци, со цел да се утврди дали членови на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп биле во дослух со Русија околу изборите, тврди „Волстрит Џурнал“.   

Канцеларијата на Малер одби да ги коментира ваквите наводи и тврдења на њујоршкиот весник.

Специјалниот правен советник на Трамп, Тај Коб, од друга страна, изјави дека не е запсонат со наводната истрага на „големата порота“, но дададе дека Белата куќа е подготвена целосно да соработува во Малер и поддржува се што ќе доведе до брзи заклучоци од неговата работа.

Малер, кој е поранешен директор на американското Федерално истражно биро (ФБИ(, ја презеде истрагата околу наводното руско мешање во американските избори, откако Трамп го разреши тогашниот прв човек на ФБИ, Џејмс Коми, кој обвини дека е сменет затоа што го одбил барањето на претседателот да се откаже од оваа истрага.