Македонија
24. November 2017 - 8:32

Ќе се подобрува меѓуетничката интеграција во образованието

Подобрување на меѓуетничката интеграција преку овозможување на позитивни интеракции меѓу младите луѓе од различно етничко потекло на ниво на училиште и на ниво за заедница и негување на демократски и граѓански вредности и однесувања, како и волонтерски практики меѓу младите, е целта на проектот на УСАИД кој ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Меѓуетничката интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива што ќе се спроведува од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Министерството за образование и наука, други образовни институции и сите општини и училишта во Македонија.

Од УСАИД најавија дека куси обраќања на церемонијата на почнување на проектот ќе имаат амбасадорот на САД, Џес Л. Бејли, премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука, Рената Дескоска, Извршниот директор на Македонскиот центар за граѓанско образование, Лорета Георгиева и Раководителот на Проектот, Небојша Мојсоски.

Проектот е петгодишна иницијатива вредна 5,8 милиони долари и во негови рамки ќе се остварува соработка со заинтересираните страни, како поддршка на напорите на Владата на Македонија за зајакнување на етничката кохезија и граѓанските вредности.