Бизнис
24. April 2017 - 21:01

Ќе се градат уште 6 ветерници во Богданци, инвестиција од 24 милиони евра

Ветерниот парк во Богданци ќе се збогати со уште шест нови ветерници. Техничко економската анализа е веќе направена, а извршена е и ревизија од страна на германска банка. Вкупната инвестција е 24 милиони евра од кои 18 милиони евра ќе бидат од заем, останатите пари ќе ги обезбеди ЕЛЕМ.  Новите ветерници треба да обезбедат дополнителни 37 гигават часови струја.

Освен во  Богданци, државните електрани имаат поставени мерни станици и на други нови локации за да видат дали ги исполнувата суловите за поставување на ветерни турбини. 

- Согласно студијата изработена 2008 -2010 година дополнително се разгледуваат и нови локации од другата страна на Вардар, во атарот на селата Миравци и Давидово каде има потенцијал за уште нови стотина мегавати. На сите ове места веќе се поставени и мерни станици за ветар. А се исконтактирани и сите познати реномирани финансиски куќи од кои очекуваме грантови и финансиска подршка рече  Александар Пауновски- директор за развој на ЕЛЕМ

Во ветерниот парк Богданци досега инвестирани се 56 милиони евра. Во моментов таму работата16 ветерници. Секој час произведуваат струја вредна над 200 илјади денари.  Планиранотот производство на струја е натфрлено за 25 проценти.

Стен ап- Ветерниот парк во Богданци може да ги задоволи потреби од струја на 60 илјади домаќинства, Од 2014 до сега ветерниот парк произведе струја од 300 гигават часови .