Бизнис
18. August 2017 - 21:24

Ќе се дозволи ли безакцизен увоз на нафтен кокс, едно од најзагадувачките горива?

Државата ја разгледува можноста да им се овозможи на Фени Индустри и Титан Цементарница Усје да увезуваат нафтен кокс без да плаќаат акцизни давачки. Како што пренсуваат дел од медиумите ова го побарале самите компании на состанокот со заменик претседателот на владата Анѓушев со образложение дека нафтениот кокс се користел во процесот на производство и пораду тоа не треба да подлежи на акцизни давачки.

Како што пишуваат медиумите до министертвотот за финансии била испратена и документација на која треба да се изврши целосна анализа, а се очекува и министерот Тевдовски да даде зелено светло за ова барање од компаниите.

Нафтениот кокс подлежи на акзицна давачка поради тоа што се смета за гориво кое ја загадува животната средина.

Од Владата  потврдија дека  претстваници од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања  имале средба со  престваниците од Фени Индустри и Усје на која се зборувало за проблемите со кои се соочуваат, но не посочија дали   било покренато и  прашањето за  укинување на акцизните давачки за нафтениот кокс.

- На средбата е разговарано за состојбите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите од овие две индустрии. Станува збор за една од низата на средби со компании што се одржуваат од страна на вработените во Кабинетот на заменик престедателот на Владата, се вели во дописот од Владата

Од финансии пак потврдуваат дека  до нив  уште од поодамна се пристигнати вакви барања  од компании и дека секторите ги разгледуваат. Засега нема  информација  дека министерот Тевдовски ќе ги одобри.

Воведувањето на акцизата  за увоз на нафтен кокс во Македонија се случи кон крајот на 2014 година на иницијатива на поранешниот  министер за финансии Ставревски, за да се намали неговата употреба , а компаниите да се преориентираат кон други енергенси кои се помалку загадуваат.